Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Црната листа на САД е удар за СДС

Откако американскиот Стејт Департмент соопшти дека на американската црна листа се додаваат…

Сподели:

Откако американскиот Стејт Департмент соопшти дека на американската црна листа се додаваат имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски, со реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ.

„Железната тупаница на СДС со која се фалеа дека ќе донесе правда, Катица Јанева денеска е прогласена за непожелна личност во САД, поради криминал и корупција.

Јанева која за СДС беше синоним за правда, од денеска се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД.

Реклама

СДС даваше најголема поддршка на СЈО и Јанева, злоупотребувајќи го судството и обвинителството за пресметка со неистомисленици.

Каде им се сега маичките со ликот на Јанева на функционерите од СДС денеска кога истата беше прогласена за непожелна личност на САД?“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое во продолжение се вели и дека градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој излезе од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а направи неформална коалиција со СДС и Ковачевски, од денеска се наоѓа на црната листа на САД.

„На СДС и Ковачевски устите им се полни со прозападни вредности, со проевропски фронт, а всушност се во коалиција со луѓе криминализирани до гуша.

Ковачевски само со такви корумпирани лица може да биде во коалиција.

Ставањето на црната листа на Јанева и Јакимовски и нивните смејства го потврдува она кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатите 7 години јавно го говори, а тоа е дека институциите во Македонија наместо да  функционираат во интерес на граѓаните, тие ги штитат криминалците.

Ставањето на црната листа на поранешната обвинителка Катица Јанева и Стевчо Јакимовски од ГРОМ покажува дека корупцијата цвета во Македонија.

На државата и е потребен целосен рестарт.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.