Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДСМ знаеше за ова и го дозволи

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите во Уставот туку за идентитетот и македонскиот јазик, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите на Заев дека ”само уште името да го смениме и ќе влеземе во ЕУ” како и уверувањата на Османи и Ковачевски дека ”само уште Бугарите да ги внесеме во Устав и ќе влеземе во ЕУ” потонаа во вода, се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше постојано дека проблемот е поголем и се работи за идентитетот и јазикот. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок. Бугарија е разобличена пред Европа и светот, на виделина излезе вистината за она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше изминатите години, дека не се работи само за вметнување на бугарското малцинство во Уставот туку се работи за македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ. Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик. Целиот свет виде за македонските неправди и во тоа 21 век. Македонија од 90тите до денес на патот кон ЕУ, направи многу отстапки, многу промени и претрпи многу понижувања. Дополнително, огромен придонес во понижувањата кон Македонија и македонскиот народ низ нашата историја имаат и домашните квислинзи, корумпирани политичари и неодговорни лидери кои поради лукративни цели воопшто не водеа сметка за долгорочните цели и националните интереси на Македонија. Бугарите конечно се разголени и изнесени на чистина дека не се работи за техникалии и бугарското малцинство во Уставот туку за суштината. За тоа знаеја и Бујар и Ковачевски и Заев, Филипче ,Маричиќ и сите останати кои сега се соочени со тоа. Заев, Ковачевски, Османи и останатите и покрај тоа што знаеја за позадината на овие барања, прифатија се што им се стави на маса, само за ден подолго на власт а со тоа и дадоа инструмент во рацете на Бугарија за блокада и вето кон ЕУ интеграциите. Заев, Османи, Ковачевски знаеја дека активностите и дејствијата на Бугарија се со јасна агенда и план да ја уништат Македонија. Она што е важно е што ќе остане запишано во историјата за прв пат во независна Македонија, дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на комитетот за надворешна политика при европскиот парламент и пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови предавства и отстапки од македонските национални интереси. Неопходно е национално единство по клучните прашања за државата вклучувајќи ги сите политички актери и општествени чинители, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.