Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста на пасошите

Пратениците во среда ќе одлучуваат дали ќе ја продолжат важноста на пасошите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците во среда ќе одлучуваат дали ќе ја продолжат важноста на пасошите до крајот на годината. Предлог-законот за продолжување на важноста на пасошите кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ е преведен е и доставен до пратеничките групи и в среда ќе се најде пред пратениците на пленарна седница…ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повика СДСМ и ДУИ да покажат доблест и да гласаат за продолжување на важноста на пасошите на македонските граѓани. Најголермата опозициска партија реагира дека СДСМ се единствената партија која е горда и се фали со хаосот кој самата го направила. Само тие велат може да глумат дека се во ред, во ситуација кога над 600.000 граѓани се како во домашен притвор и не може да излезат надвор од државата, а уште стотици илјади не може да влезат и загрозен им е престојот во странство.

И наместо како виновни за овој проблем сдсм и дуи да земат и да им излезат во пресрет на граѓаните, тие од целата ситуација дополнително прават театар.
Па така, откако од нив видовме како играат чочеци во тунел кој друг го изградил, а потоа видовме и свечен пречек на пакет вакцини со цел владин врв, сега гледаме пречек на обрасци за пасоши. Без срам и перде СДСМ и ДУИ го испратија Бојмацалиев да прави помпа од пречек на обрасци кои требаше да ги има месеци порано и се далеку од потребната бројка.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека власта на СДСМ и ДУИ и тогашниот министер Спасовски чиј шеф на кабинет беше Бојмацалиев, намерно создале дополнителен хаос со тоа што набавка од 400.000 пасоши неколкукратно ја намалиле на десетици илјади на само два месеца пред пасошите да престанат да важат според датумот кој тие го определија.

Реклама

Предупредуваат дека заради неодговорната власт на граѓаните им е ускратено човеково право на слобода на движење. Уште еднаш потсетија дека СДСМ и ДУИ имаат шанса конечно во 7 години да соберат доблест и да им помогнат на сопствените граѓани.
Се што треба е велат да гласат за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.