Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДСМ беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник? Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча.

Бесцелни, досадни и манипулативни.

Реклама

Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е  претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа. Што се однесува до човековите права и споредбите со Иран, Ајатолахот, а и Филипче беа дел од една иста влада која спроведе најбрутална политичка пресметка и политички прогон преку инструментите на СЈО. Тоа СЈО прерасна во огромна кражба и рекет машинерија од која Филипче историски и политички треба да се срами. СДСМ на чело со Филипче нема визија ниту за сопствената партија ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.

На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција, а не политички театар. Во Македонија право и правда мора да има а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара.