Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 66 тендери вредни 141 милион евра од ЕСМ за „Марковски компани“ на белорускиот почесен конзул од владата на СДСM, јасен доказ за врските на Филипче и Заев со Путин

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДСM на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Онишченко, кого го вдомија во државата му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

Врските на Заев и Филипче со руската политика се потврдуваат и со нивната блискост со Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола.

Реклама

Во периодот од 2019 до 2023 година, од владата на СДСM фирмата „Марковски компани“ во сопственост на белорускиот почесен конзул во државата, Борче Марковски добила најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки.

Најголемиот дел од овие, односно 66 од 77-те тендери биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

Освен што во време на власт на СДСM, Заев и Филипче, Марковски ги добивал најголемиот број тендери од ЕСМ, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него биле или на кланот Заеви или на лица блиски до нив.

Врските со Марковски и Онишченко, само ја потврдува очигледната близина и добрите бизнис контакти на Филипче и Заев со лица блиски до Путин и Лукашенко.

А, заедничко на сите овие лица е тоа што, за сите постојат основани сомненија дека се дел од различни криминални и корупциски шеми, а СДСM, Заев и Филипче за свои бизнис интереси и остварувања се ставија против државните интереси.

Тоа време заврши, СДСM веќе не е во можност да тргува со националните во корист на бизнис интересите на кланот Заеви и Филипче.

Заштитник на државните национални и стратешки интереси е ВМРО-ДПМНЕ, и остро ќе се спротивстави на предавничката политика промовирана од СДСM и дуото Заев и Филипче.