Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти, се вели во соопштението од ВЛЕН, кое МИА го објавува интегрално. 

Тоа беше занаетот на ДУИ. За Албанците чекање, за своите предност. За студентите „ќе видиме“, но кога стануваше збор за нивниот круг, системот веднаш се ставаше во функција.

Токму во времето на Аднан Јашари, синот на Талат Џафери го положил правосудниот испит, иако сѐ уште немал дипломирано. Значи, за албанските студенти немаше решение на албански јазик, додека за синот на функционер на ДУИ системот функционирал.

Реклама

За своите наоѓаа начин, а проблемите на Албанците ги оставаа нерешени.

Затоа Аднан Јашари треба да одговори зошто не го реши прашањето за правосудниот испит на албански јазик додека беше министер за правда.

Студентите имаат проблем. ДУИ има политички калкулации.

ВЛЕН ова прашање го решава темелно. Правосудниот испит на албански јазик е само почеток. Сите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик.

Албанците повеќе не сакаат врева. Сакаат решенија, а решението доаѓа.