Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Влечењето на паралела меѓу комитите и борците од УЧК ја поминува секоја граница

Споредбата на комитите кои се бореле за создавање на независна Македонска држава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Споредбата на комитите кои се бореле за создавање на независна Македонска држава, со борците на УЧК кои всушност војуваа против Македонија и сонуваат за Голема Албанија е невиден безобразлук. Ваквата споредба што ја направи ДУИ во врска со контроверзната престава во училиштето во Челопек е директна провокација која само може да ги загрози меѓуетничките односи и со цел да се предизвика политичка криза. Според политичкиот аналитичар Ристо Никовски ова е само уште една во низата на национал-популазм со кои Ахмети и неговата ДУИ се обидуваат да се прикажат како единствени бранители на Албанците во Македонија.

“Ова е долгорочна политика која ја водат одредени албански политичари, но, споредувањето на комитите со ОВК или УЧК кои ќе ги наречам борци а генералниот секретар на НАТО ги нарече терористи е безобразлук и неприфатливо бидејќи комитите беа борци за слобода, сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, тоа е симбол на оваа држава и мора да го почитуваат сите” нагласи Никовски

Случајот со училиштето во Челопек е само уште еден во низата политички провокации кои ги предизвикува опозицијата. Според Никовски овој инцидент не е изолиран и е директно поврзан со прославата на албанското знаме и дивеењето во центарот на Скопје. Со него ДУИ сака да предизвика криза.

Реклама

“Тоа е апсолутно точно и тие јавно кажаа дека дека ќе прават политички притисок и дестабилизација, а за тоа говорат и оние непримерни сцени за прослава на албанското знаме а се газеше и палеше Македонското. ДУИ е спремен и одлучен да оди во една безбедносна криза, но мислам дека нема да им успее” дециден е Никовски.

Низата реакции на релација власт и опизиција следат откако на прослава за денот на албанското знаме, ученици во училиште во Челопек изведуваа претстава со пушки и други оружје во униформи на УЧК за што реагираше и министерката за образование Весна Јаневска. Во моментов се очекуваат резултатите од спроведниот вонреден инспекциски надзор од страна на просветниот инспекторат кој ќе покаже дали ќе следат санкции и казни.

Даниел Ѓорѓевски