Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Власта во Албанија мора да го скроти меракот да се меша во внатрешните работи на Македонија

Да се коментираат иницијативи и одлуки на Уставен суд на туѓа држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се коментираат иницијативи и одлуки на Уставен суд на туѓа држава е поминување на сите граници на пристојно однесување и такви изјави, посебно во домот на демократијата се крајно непожелни. Експертите се децидни дека ниту една држава не смее да се меша во внатрешните работи на Македонија. Овие остри реакции доаѓаат по скандалозната прес конференција на претседателката на албанското Собрание која од македонскиот Парламент ги истакна очекувањата од одлуките на судот за балансерот и за законот за јазици.

Вчерашната изјава на Спиропали е јавна презентација на политиката на владата на Еди Рама која ја води кон Македонија. Оценката зошто таа сметала дека тоа треба да се каже јавно, во Собранието на Македонија, тоа е веќе друго прашање. Би било добро да се испрати вербална нота до амбасадорот, бидејќи таа ги помина сите граници на пристојно однесување и давање на такви изјави во Собранието се крајно непожелни и тоа не доликува, вели поранешниот амбасадор Јован Донев.

Ова не е ништо друго освен политички маркетинг и една дополнителна инфузија за Али Ахмети, сметаат упатените. Со оглед на тоа што Спиропали доаѓа од партија која е сестринска на ДУИ и СДСМ, очекувано е да се бори за политички поени на контото на опозицијата.

Реклама

Албанија никогаш немала кој знае колкав интерес за правата на Албанците тука, нејзините коментари околу можноста за укинување на балансерот и за Законот за јазици е политички маркетинг во сметката на Али Ахмети. И кога се случи тиранската платформа беше со цел да го спасат Ахмети да не оди во опозиција. Сега имаше битка помеѓу два табора во Македонија и два табора надвор, Вреди и Европски фронт и кршење на копјата на Курти и Рама. Нејзината изјава беше да му даде една дополнителна инфузија на Али Ахмети. Може да се спречи (мешањето од други земји) ако имаме правна држава и ако функционираат Уставот и законите, вели политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.

Освен службената посета на нејзиниот македонски колега Гаши, Спиропали се сретнa со лидерот на ДУИ, кој и се пожалил за состојбата со меѓуетничките односи, и со лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Спиропали порача дека албанскиот јазик е светост и со секое негово кршење се нарушувал идентитетот на Албанците. Во контекст на ова, рече дека целосно ја разбирале загриженоста на албанскиот фактор од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд. Што се однесува до одлуките на судот, индиректно ја отвори и темата за балансерот кога рече: Сигурна сум дека правичната и пропорционалната застапеност на Албанците во институциите на земјата ќе продолжи согласно современите демократски стандарди на мултиетничкото општество.