Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Власта не бира средства за да се спаси од пораз: Само досега отворени 20 предмети за предзиборни манипулации

Работа на државно за глас повеќе – Македонија е сведок на масовен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работа на државно за глас повеќе – Македонија е сведок на масовен предизборен поткуп. Власта не бира средства како да го намали поразот на претстојните избори, па се расфрла со вработувања во стотици инсцитуции. Дополнителниот заменик министер за администрација откри дека на два месеца пред избори има 2.700 вработувања во државен сектор. Андоновски предупредува и дека дел од кандидатите за вработување трпеле притисоци, да организираат лица да гласаат на изборите. Второ и не помалку важно е што државните институции давале незаконски бонуси на лица за кои воопшто не се знае дали се појавуваат на работно место.

Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа. Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни, рече дополнителниот заменик – министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

А токму вакви проблеми кои го компромитираат изборниот процес беа главната тема на панел дискусијата посветена на изборните ризици. Уште нa почеток на изборниот процес ДКСК има отворено веќе 20 предмети во врска со изборни нерегуларности.

Реклама

Приоритет даваме на овие претставки кои се поднесени во врска со изборни нерегуларности, соработуваме со сите надлежни со цел навремено да спречиме или да преземеме мерки во случаите каде имаме сомнение за сторено кривично дело или прекршок. Имаме голема поддршка и од меѓународните институции во делот на следењето на изборниот процес – рече Татјана Димитровска – претседател на ДКСК.

И пораките на МВР, Изборната комисија, Државна ревизија, Обвинителството АВМУ, одат во насока дека институциите мора да соработуваат за организирање фер и демократски избори.

Имам верба во овие луѓе. Се надевам дека, сигурен сум, ние ќе дадеме се од себе во рамки на тоа да имаме еден нормален, здраворазумски, законски, фер и демократски предизборен период, но и на денот на гласањето, и претседателски и парламентарни избори. Особено МВР и полицијата ќе бидат во максимален број, ќе бидат посветени,  во рамки на овозможување секој граѓанин да си го оствари своето право на глас – рече Панче Тошковски – технички министер за внатрешни работи.

Најголеми предизвици според нив се изборниот поткуп, заплашувањата, влијание од различни центри на моќ, но исто така и нерегуларности во финансирањето на политичките партии, нивното рекламирање и отчетноста. Сите овие појави може да бидат закана за кредибилитетот на изборните процеси.