Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Власта ќе чека стабилна Влада во Бугарија за евентуално репреговарање за одблокирање на европскиот пат

Реформи и репреговарање – исполнување на домашните задачи и изнаоѓање решение и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформи и репреговарање – исполнување на домашните задачи и изнаоѓање решение и гаранции. Овој рецепт според власта може да донесе успех во евроинтегративниот процес на Македонија – пат со низа пречки кој земјава го оди со години и никако да го исполни европскиот сон.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада, и да се лобира за евентурално ново решение. Уставни измени со одложено дејство би можеле да дадат гаранции дека во иднина нема да има нови блокади. За омекнување на односите на релација Скопје-Софија, добредојдено ќе биде и имплементирањето на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија, кои се однесуваат на правата на Македонците таму. Паралелно со овој процес, мора да се спроведува и реформската агенда која е директно поврзана со Планот за раст на Западен Балкан, алатка на ЕК, за европеизирање на инсистуциите во земјите кандидати.

Од Институтот за европска политика велат дека соработката помеѓу експертите и академската фела, граѓанските организации и владата е клучна за спроведување на реформаска агенда.

Реклама

Дека уставните измени не се единствениот услов за приближувањето на Македонија кон европското семејство покажува ставот на Брисел кој е непроменлив – мора да ги средиме работите дома, да спроведеме реформи, да се европеизираат институциите. Силна борба ќе биде потребна против корупцијата и организираниот криминал, ќе треба да се работи на владеење на правото и независно судство.

Ако се спроведе целосно реформската агенда, до 2027 година земјава ќе добие 750 милиони евра. Македонија во следните три години ќе треба да спроведе конкретни, закони и стратегии – а меѓу областите се и судство, борба против корупција, човечки капитал, администрација, дигитализација, зелена енергија…