Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Владко Грозданов, доктор кој ја познава болката на Кочани, е еден од независните кандидати за градоначалник

Гинекологот Владко Грозданов, е натпартискиот кандидат за градоначалник на Кочани, што ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гинекологот Владко Грозданов, е натпартискиот кандидат за градоначалник на Кочани, што ќе го поддржи Вмро-Дпмне на престојните локални избори. Д-р Грозданов, е човекот кој ќе ги обедини граѓанитете на Кочани и ќе донесе нова надеж во градот, сметаат во владеачката партија. Од Вмро-Дпмне порачаа дека со ваквата одлука  испраќат јасна порка дека интересот на граѓаните е над партиските разлики.. Доктор Грозданов има над 20години работно искуство, поитуван е како голем професионалец  и посветен лекар кој неодамна се врати во Општата болница во Кочани. Претходно тој работеше во приватна болница во Скопје. Грозданов ја дели судбината со многу свои сограѓани по кобниот пожар во дискотеката Пулс. Тој е татко на дете, кое беше сериозно повредено во трагедијата во Пулс. Позната му е болката со која се соочуваат родителите и траумата на  граѓаните на Кочани, така што решавањето на нивните проблеми и потреби ќе бидат негов приоритет.

„ За Општина Кочани, ќе се обединиме околу натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов. На овие избори ќе настапиме подготвено како никогаш досега……. Сите кандидати на Вмро-Дпмне се посветени личности, подготвени да ги застапуваат интересите на секој жител во секое населено место. Тие се луѓе кои имаат енергија и решителност да работат за подобро утре на граѓаните„ изјави вчера Мариј Митева, член на Извршниот комитет на Вмро-Дпмне.

Освен Грозданов, во трката за прв човек на Кочани, ќе трчаат уште двајца неависни кандидати.  Актуелниот в.д градоначалник Венко Крстевски и економистот и граѓански активист Зоран Тодоров, кој е   основач на неколку организации и здруженија, а во моментот раководи со Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани„.  По поднесувањето на кандидатурата  на социјалните мрежи Тодоров, напиша дека го гледа Кочани, не како спомен што избледува, туку како иднина што мораме заедно да ја изградиме-чекор по чекор, човек по човек.

Реклама

СДСМ во Кочани, се уште го нема соопштено името на својот кандидат за градоначалник со кој ќе настапат на 19 октомври.