Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Владините мерки придонесоа за ублажување на ценовниот шок, нови цени на горивата од полноќ

Дизелот поскапува за 2 и пол денари по литар, 95-ката поевтинува за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот поскапува за 2 и пол денари по литар, 95-ката поевтинува за половина денар, а 98-цата останува со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика објави нови цени со важност од полноќ. Тоа значи дека дизелот од утре ќе се продава по цена од 98 денари за литар. Бензинот од 95 октани ќе чини 83,5 денари по литар. 98-цата има иста цена од 85,5 денари по литар. Од овие цени може да се оди и до 2 до 3 денари поевтино поради дадениот попуст на ОКТА. Инаку, Екстралесното масло за домаќинства поскапува за 3 денари, и ќе се продава за 95,5 денари по литар.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ 07.06.2026

ЕУРОСУПЕР  95               83,50 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР  98               85,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                     98,00 (денари/литар)

Екстра лесно масло         95,50 (денари/литар)

Мазут                         51,311 (денари/килограм)

Владините мерки придонесоа за ублажување на ценовниот удар. Премиерот Мицкоски вели дека било спречено цената на дизелот да надмине 100 денари по литар, а бензините на некои пумпи очекува да се продаваат поевтино. Ова доаѓа откако вчера Владата излезе со нова мерка за намалување на акцизите од 4 денари кај дизелот и 2 денари кај горивата. Дополнително, до крајот на април ќе важи попустот од ОКТА кон трговците од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин. ДДВ и натаму останува намалено на 10 наместо на 18% до крајот на месецов.

„Од аспект на количини сме стабилни. Зголемена е потрошувачката од 1,5 милиони литри на 2 милиони литри на ден. Имаме притисок од пограничните места. Ја продолживме мерката од 18 до 10 проценти ДДВ, се со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисот“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Поради вонредните мерки за задржување на стандардот на граѓаните, буџетот трпи загуби што се мерат во милион евра дневно – дециден е премиерот. Тој објасни дека го имаат предвид буџетот од една страна и тешката ситуација предизвикана од глобалните случувања. Вели дека државната каса трпи притисок поради големите долгови за враќање направени пред неколку години. Активно се анализираат мерки и за стабилизирање на цените на прехранбените производи.

Инаку поради скокот на цените на нафтата на светските берзи и поскапувањата што следеа, Владата очекува инфлацијата во март да изнесува помеѓу 4,5 и 5%. Претходно, во февруари инфлацијата се стабилизираше на 2,9%. Засега проекциите за нивото на инфлација, раст и дефицит остануваат исти.