Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Свет

Владимир Путин положи заклетва за нов претседателски мандат

Владимир Путин го започна својот петти мандат како руски лидер на инаугурацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владимир Путин го започна својот петти мандат како руски лидер на инаугурацијата во Кремљ. Во салата за церемонии Путин положи заклетва и порача оти е убеден дека државата достоинствено ќе го преживее тешкиот период и ќе стане уште посилна. Во својот краток говор на унаугурациајта, рече дека е отворен за разговор со западот, но само под еднакви услови и додаде дека Русија мора да биде отпорна на сите закани и предизвици.

„Ве уверувам дека во иднина интересите и безбедноста на народот на Русија ќе бидат пред се за мене“, рече Путин кој порача дека народот сам ќе одлучи за иднината на државата.

На церемонијата присутвуваат амбасадорите на најголем дел земји членки на европската унија и на САД. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на унијата.

Реклама

„Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано.

Путин очекувано оствари убедлива победа на изборите во март, кога се избори за останување на власт најмалку до 2030 година. Путин ќе остане на претседателското место уште шест години откако ги уништи своите политички противници и започна разорна војна во Украина и ја концентрираше целата моќ во свои раце.

Путин е на функција речиси четвртина век и е најдолготрајниот лидер на Кремљ по Јозеф Сталин. Новиот мандат му истекува до 2030 година, кога ќе има уставно право да се кандидира повторно.

Откако го наследи претседателот Борис Елцин во последните часови во 1999 година, Путин ја трансформира Русија од земја која излегува од економски колапс во држава на ризици која ја загрозува глобалната безбедност. По инвазијата на Украина во 2022 година, која стана најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна, Русија е санкционира од Западот и се сврти кон други режими како Кина, Иран и Северна Кореја за поддршка.