Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Владиката Никола избран за митрополит австралиско-новозеландски

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на денешната седница го избра епископот велички г. Никола за митрополит австралиско-новозеландски.

Новоизбраниот митрополит Никола е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија при Карловиот универзитет во Прага, каде што се образова во областа на средновековната литература.

Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а следната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновуваат богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.

Реклама

Во 2008 година на Богословскиот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20 век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторанд е на истиот факултет.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит. Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и надвор од државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.

Австралиско-новозеландската епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е митрополитот преспанско-пелагониски Петар.