Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Владата забрзано работи на изготвување на новиот софтвер за цените во маркетите

Владата забрзано работи на изготвување на новиот софтвер кои треба да им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата забрзано работи на изготвување на новиот софтвер кои треба да им помогне на граѓаните полесно да ги споредуваат цените во маркетите. Преку новата дигитална алатка потрошувачите ќе можат на едно место да ги видат сите цени во сите маркети и да споредат каде е најевтино да пазарат. Проектот за следење на цените го водат Министерството за економија и пазарниот државен инспекторат и е во напредна фаза, а Министерството за дигитална трансформација, иако не е директно вклучено, стои на располагање доколку биде побарана техничка поддршка.

„Мислам дека се во напредна фаза на работа и во овој софтвер. Забележав и приватна инцијатива во овој дел, дека приватни субјекти невладини организации работат исто така на веб страна која ќе  прибира цени и ќе ги агрегира, од нас не беше побарана поддршка и помош но стоиме на располагање доколку за тоа има потреба“, изјави Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.  

Паралелно со новиот софтвер, премиерот Мицкоски најави и нови мерки за стабилизирање на цените и засилени контроли – и кај трговците, и кај дистрибутерите. Ако се утврдат драстични поскапувања, Владата ќе примени мерки и нема да се толерираат трикови преку прокси фирми под изговор за пијар и маркетинг. Посебен фокус ќе има и на влезните фактури – од каде тргнува формирањето на цената. Владата порачува – стихија на пазарот нема да се дозволи.

Реклама

Досегашните мерки, како замрзнувањето на маржите, дале резултат – со намалување на цените и инфлацијата, посочуваат од Владата. Но, граѓаните чекаат конкретни алатки – како ветениот софтвер – што навистина ќе им го олесни секојдневието.