Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Владата тргна против Таравари, бара разрешување на двајцата министри од А.А. на барање на Села

Техничкиот премиер ја злоупотребува функцијата и се вмешува во партискките превирања во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот премиер ја злоупотребува функцијата и се вмешува во партискките превирања во Алијанса за Албанците. Не ја чекаше одлука на партиските тела околу разрешувањата на двајцата министри, ниту ставот на дел од членството кое сакаше да се тргне од канџите на ДУИ. Тој испрати предлог до Собранието да бидат разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу. Предвид ја зеде одлуката на кадровската комисија која ја формираше Зијадин Села па за министер за здравство го предложи Илир Демири, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација.  

Материјалот од Влада е примен и ќе биде доставен до сите пратеници. За предлогот за разрешување на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администразија и за именување на новите министри ќе се расправа на првата наредна седница, односно на 09.02.2024 – информираа од Собрание.

Меџити ќе си одат по точно една година од кога беа избрани. Тие стапија на функциите лани во февруари кога Алијанса за Албанците се приклучи и го спаси владејачкото мнозинство кое беше на стаклени нозе. Министерот за здравство Фатмир Меџити порача дека партијата не се распаѓа туку само расчистувале со тројанските коњи на ДУИ.

Реклама

„Жалам што на тој пат најдоа сојузници и во неколкумина членови на Алијансата. Но, од друга страна можам да кажам дека сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Алијанса за Албанците е сега обединета и посилна. Toa e така затоа што конечно граѓаните и симпатизерите може да направат разлика и да бидат сигурни дека нема да имаме тројански коњи на ДУИ кои ќе ја уништат партијата“- рече министерот за здравство Фатмир Меџити.

Минус двајца пратеника ќе биде владејачкото мнозинство – вакви се математиките околу гласањето за разрешување ако се земе предвид дека двајца од вкупно 8 пратеници се приврзаници на Таравари, а останатите се од таборот на неговиот претходник Зијадин Села. Како ќе гласаат социјалдемократите, нивниот лидер не беше дециден.

Пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата во однос на кадровски промени од редовите на Алијанса за Албанците и врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на АА – изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Дека ќе се продлабочуваат несогласувањата во Алијанса за Албанците беше извесно кога на владина седница беа разрешени двајца директори, на Пошта и Агенција за странски инвестиции, кои застанаа на страната на Таравари.