Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Владата се премисли – предлог директор на М-НАВ е Хекуран Асани

Предлог Извршен директор на М-НАВ сепак не е Илир Мехмеди туку Хекуран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог Извршен директор на М-НАВ сепак не е Илир Мехмеди туку Хекуран Хасани, соопшти Владата. Надлежните се премислија и експресно го повлекоа предлогот Мехмеди да биде директор откако во јавноста се појавија дилеми, дали тој воопшто има соодветни лиценци за оваа позиција.

Владата донесе одлука Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски да бидат разрешени од директорските позиции во Македонската навигација

На местото на Хамиди требаше да седне Мехмеди, за на крај Владата да го предложи Асани. На местото на Љубе Стаменковски, доаѓа Милан Кораќ, кој беше оперативен техничар во М-НАВ.

Реклама

На денешната седница не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари. Објаснувањето е дека „Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ“.Предлог разрешувањата следат откако во четвртокот, група од осуммина, предводена од советникот од редовите на ДУИ, Беким Незири упадна во контролната кула. Сепак, Владата не закажа вонредна седница веднаш, реши да се одмори за Божиќните празници, па на редовна седница одлучуваше по ова прашање, откако премиерот се консултирал со министерката за одбрана и министерот за транспорт и врски под чие министерство е Македонската навигација.

Од Синдикатот на Контролори за летање кои се заканија со затворање на македонското небо, соопштија дека штрајкот го ставаат во мирување.За сега го ставаме штрајкот во мирување, но чекаме што ќе одлучи и како ќе постапи Надзорниот одбор. Ако има позитивна реализација на препораката од Владата, ќе ја повлечеме одлуката за штрајк – вели Александар Тасевски, претседател на Струков синдикат на Контролори на летање.

Тие денеска се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски, кој ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.Во меѓувреме, институцијата ја тресе финансиската полиција, која го истражува досегашното работење на М-НАВ, во делот на финансиите и јавните набавки.