Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Владата потврди 270 општински инфраструктурни проекти, општините кои беа одбиени, ќе добијат дополнителен рок

Се бориме за секој милиметар квадратен, секое парче од Македонија ни е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се бориме за секој милиметар квадратен, секое парче од Македонија ни е важно, и секаде ќе се инвестира – премиерот Христијан Мицкоски очекува следната недела да се потпишат договорите за реализација на општинските проекти финансирани од централниот буџет.

Потврдени се 270 проекти во речиси сите општини во Македонија. За владата не е важно кој градоначалник од која партија доаѓа, туку да има што повеќе капитални проекти.

На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Четири милијарди до сега. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

Реклама

Мицкоски посочи дека на следната владина седница ќе има има продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран, рече Мицкоски.

Мицкоски апелираше до трите општини- Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, чии проекти не беа прифатени, да го искористат продолжениот рок и да поднесуат нови проекти.

Струмица беше одбиена бидејќи конкурирала со проект кој е веќе почнат, а Општина Теарце наместо официјална комунијација со Владата, одбрала да поднесе проект преку приватна имејл-адреса.

Општина Сарај за сега останува без пари поради доставена некомплетната документација, а Град Скопје, конкурирал со некомплетни проекти.