Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Владата одлучува за разрешување на директорите по скандалот во М-НАВ

Денеска или ќе бидат разрешени директорите на М-НАВ или контролата на летање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска или ќе бидат разрешени директорите на М-НАВ или контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Македонија. Синдикалците велат дека немаат друга опција освен да прекинат со работа се додека не се исполнат нивните барања.

„Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно и Владата ќе покаже дека не и е битно ништо освен фотелјите“, велат од Синдикатот.

Иако инцидентот се случи во четвртокот, премиерот не виде причина да свика вонредна владина седница во петокот, што беше работен ден. Тој и министрите решија да одморат за божиќните празници, па одлуки да донесат на редовна седница.

Реклама

Додека Владата одлучува за судбината на Хамиди и колегите, Финансиската полиција влегува во М-НАВ за да го испитува работењето на државната компанија. Ќе ја чешлаат документацијата за финансиското работење, најмногу во делот на вработувањата, но и јавните набавки.

Синдикалците со години предупредуваат дека јавното претпријатие за контрола на летовите, наместо високата стручност што ја бара таквата работа, се полни со некомпетентни кадри од страните кои управуваат со таа компанија.