Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Владата одлучна во процесот на ремедијација на ОХИС во соработка со УНОПС

Владата и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) денеска потпишаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) денеска потпишаа продолжување на договорот за партнерство за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Со договорот повторно се потврдува заедничката посветеност на националните институции и меѓународните партнери за решавање на едно од најкомплексните еколошки жаришта во земјата. 

Како што се наведува во соопштението, продолжувањето на договорот обезбедува дополнителни 12 милиони евра финансиски средства, обезбедени од Владата преку Генералниот секретаријат на Владата, и воспоставува период на имплементација од три години, во кој се очекува да бидат завршени сите преостанати работи на терен и целосно да се изврши ремедијацијата на малата депонија.

Континуираната интервенција ќе овозможи безбедно отстранување и управување со опасниот отпад, во согласност со меѓународните еколошки и стандарди за безбедност и здравје при работа, со што значително ќе се намалат ризиците по јавното здравје и животната средина за околните заедници.

Реклама

-Продолжувањето на договорот ја одразува силата на нашето партнерство и заедничката решителност конечно да се затвори ова долгогодишно еколошко прашање, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на Владата додавајќи дека со комбинирање на националното лидерство и меѓународната експертиза, создаваме услови за безбеден, темелен и одржлив процес на ремедијација.

Ремедијацијата на малата депонија на локацијата ОХИС, која се состои од 5 бетонски базени, започна во 2021 година. Досега се ископани и спалени 1969 тони HCH отпад и 586 тони на контаминирана почва, приближно 60 отсто од планираното чистење. Досегашните активности беа завршени со комбинирано финансирање од Владата, Европската Унија и Кралството Норвешка, што претставува значаен чекор во справувањето со наследеното загадување на оваа локација. 

Продолжувањето на партнерството потпишано денеска се очекува да овозможи целосно завршување на работите за ремедијација на малата депонија. Активностите за ремедијација предвидуваат ископување, пакување, привремено складирање, транспорт и отстранување на HCH отпадот и контаминираната почва и нивно согорување.

Комплексното наследено загадување не може да се реши од една институција поединечно, изјави Микела Телатин, директорка на Мултидржавната канцеларија на УНОПС за Југоисточна Европа.

Овој проект, вели таа, покажува како партнерството, довербата и јасно дефинираните улоги можат да донесат конкретни еколошки и здравствени придобивки за заедниците, истовремено обезбедувајќи ремедијацијата да се спроведува безбедно и одговорно.

Продолжувањето на договорот ја потврдува континуираната посветеност на партнерите за справување со историското индустриско загадување и унапредување на одговорното управување со животната средина во Македонија. Воедно, се создаваат предуслови за иницирање на ремедијациски работи на поголемата депонија контаминирана со линдан на локацијата на поранешната фабрика ОХИС, се посочува во соопштението од Владата.