Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Владата на стабилни темели: Случувањата меѓу Вреди и Таравари не влијаат врз владиното мнозинство

Случувањата во коалицијата Вреди не удираат врз цврстите темели на владината коалиција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случувањата во коалицијата Вреди не удираат врз цврстите темели на владината коалиција. Владата е сигурна – порачуваат сите партнери од мнозинството. И покрај кавгите меѓу лидероте на „Вреди“ и Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на централно ниво се функционира нормалн, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Треба со ладна глава да се носат одлуки во вакви моменти. Владата е стабилна, има стабилно мнозинство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По одлуката да го раскинат партнерството со Таравари, од Вреди за Алфа велат дека станува збор за несогласувања само внатре во коалицијата, додека во Собранието и Владата сите делуваат заедно како партнери.

Реклама

-Вреди е се уште заедничка коалиција во Владата и во Собранието. За тоа како ќе функционираме понатаму  секако јавноста ќе биде информирана на време, велат од Вреди.

Градоначалникот на Тетово и прв човек на Беса, Билал Касами, очекува пак уште повеќе да се прошири владиното мнозинство.

-Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо, изјави Касами.

Дека владината коалиција е сигурна велат и од ЗНАМ на Максим Димитриевски. Од таму порачуваат дека случувањата во „Вреди“ се нивно внатрешно прашање, и дека проблеми на централно ниво нема. Додаваат дека дури и некој да реши да го напушти владиното мнозинство, владата останува стабилна затоа што само со ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ таа има подршка од 64 пратеници.

-За Движењето ЗНАМ, превирањата во ВРЕДИ не се закана за владејачкото мнозинство. Во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои. Владата е стабилна со самиот факт што ЗНАМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата Вреди кои ја поддржуваат владата, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Алијанса на Таравари денеска немаше никаков коментар за случувањата и дали е можно проблемите во Вреди да се пресликаат во Владата. Сепак, во своите претходни излагања, министерот за здравство неколку пати порача дека не очекува проблемите да имаат влијание врз партнерството во Владата. Во моментов владината коалиција има поддршка од вкупно 78 пратеници во Собранието, па и евентуално и некој да ја реши да го напушти мнозинството, тоа не би имало никакво влијание врз стабилноста на Владата предводена од Христијан Мицкоски.

Матеја Петровски