Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Владата ќе ја чека конечната одлука на Уставниот суд за балансерот

Потребни се длабински реформи во јавната администрација која треба да биде во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни се длабински реформи во јавната администрација која треба да биде во служба на граѓаните. Унапредувањата и вработувањата да се темелат на квалитет, знаење, посветеност – дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Тој не сакаше да ја коментира одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот но останува на ставот дека мора да се направат промени бидејќи оваа алатка долго време беше предмет на злоупотреба.

Унапредувањата и вработувањата да се темелат на квалитет. Тоа цело време го зборуваме. Одлуката не е конечна туку е во мирување балансерот до носење на конечна одлука. Јас ќе останам на позицијата дека одлуките на судот не треба да се коментираат, рече Мицкоски.

Одлуката на Уставниот суд за балансерот се спроведува, а за ново законско решение за сега не се размислува – вели ресорниот министер Горан Минчев. Тој го поздрави замрзнувањето на оваа алатка за етнички вработувања, и е на иста линија со Христијан Мицкоски, дека во минатото се правеле многу злоупотреби.

Реклама

„Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони кои општо се предмет на дебата, а тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека балансерот, како една од тие одредби коишто со времената мерка се стопираат, како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби. Во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам“, изјави Минчев, кој учествува на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ што се одржа во Куманово.

Одлуката на Уставниот суд ја разгневи опозициската Алијанса за Албанците на Зијадин Села, кој најави протести против оваа мерка. Каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на балансерот ги осудува, рече Минчев. Тој е дециден дека сеопфатната реформа на администрацијата треба да се базира на професионалност, стручност,квалитет и знаења.

Додека Минчев најавуваше отворена дебата во рамки на владината коалиција, реагираше и министерот Арбен Таравари кој доаѓа од коалицијата Вреди.

Според него, замрзнувањето на баласерот може да предизвика тензични состојби, а во исто време призна дека оваа алатка во последно време била злоупотребувана.

„Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“, вели Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонскатa амбасада и УК за детски болести.

Вработувањата по етнички клуч се плод на Охридскиот рамковен договор, и се спорни за повеќето уставни судии. По неколкучасовна дебата, Уставен донесе одлука дека се запираат вработувањата врз основа на етничката припадност и оваа пауза ќе трае додека судиите не пресечат, дали балансерот е уставен или не. Дебатата меѓу уставните судии беше тензична, бидејќи тројца од нив: Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се против оспорувањето на етничките вработувања, со образложение дека тоа би можело да предизвика меѓуетнички тензии.