Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Владата ја започна процедурата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски

На Владата и дојде преку глава од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Владата и дојде преку глава од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Таа го задолжи министерството за правда да преземе активности и веднаш да ја почне постапката за негово разрешување, која треба да заврши со гласање во Собранието. Според владата, причината за поведувањето на постапката за разрешување е нејзиното разочарување од неговите постапки, кои биле надвор од своите надлежности, надвор од законот, но и разочарувањето на граѓаните од нефукционирањето на системот, нефукнционирањето на правната држава или воопшто нарушената доверба во обвинителството.

Според Митева, чашата ја прелеа последниот извештај на „Транспаренси интернашонал„, кој покажа пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата година, рангирајќи ја македонија на 88-та позиција од вкупно 180 држави, за сега да се најде во друштво со Казахстан, Суринам и Виетнам. Во извештајот дури 4 точки се однесуваат на скандалите во судско-обвинителскиот систем и неговоро нефукционирање. Тука е и неговата одлука да ја назначи Наташа Крстевска Цалева за прв човек на скопското вишо јавно обвинителство, одлука која според владата е незаконска.

Инаку, во Законот за јавното обвинителство е точно пропишана процедурата за тоа како се разрешува јавен обвнител. Тој може да биде разрешен од функцијата пред истекот на шестгодишниот мандат поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон и ако го нарушува угледот на функцијата. Предлогот на владата, преку министерството за правда оди до Советот на јавните обвнители кое го разгледува барањето и треба во рок од 15 дена да даде свое мислење.

Реклама

На таа седница Коцевски не треба да присуствува бидејќи е член по функција. Според истиот закон, избирањето и разрешувањето на републичкиот обвинител се врши од страна на Собранието. За да се избере или разреши обвинител потребно е да гласаат 61 пратеник “за”. За избор на нов обвинител пак, Владата го предлага кандидатот за кој што  Советот на јавни обвинители треба да даде позитивно мислење. Барањето за разрешување на Коцевски доаѓа паралелно со барањето за интерепелација на пет члена на Судскиот совет во Собранието, кое е дел од напорите на власта за конечно средување на состојбата во правосудството.

Давид Крстевски