Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Владата ја смени плочата- хуманитарните летови за кои се плаќаше веќе не се хуманитарни

Падна маската на Власта за таканаречените хуманитарни летови за враќање на Македонците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна маската на Власта за таканаречените хуманитарни летови за враќање на Македонците дома. Откако јавноста се побуни дека како хуманитерен лет не може да се наречат летовите за кои им се наплаќа за карта, владата и нејзините министри ја сменија реториката. За прв пат, во вчерашното владино соопштение веќе никаде не се споменува зборот хуманитарни, туку само летови.

-Владата на Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел, пишаа во соопштението од Владата.

Најавувајќи ги пред десетина дена летовите, министерот за надворешни работи, Никола Димитров потенцираше дека ќе бидат хуманитарни.

Реклама

На ваквите и слични најави реагираа граѓаните кои се побунија дека тоа не може да бидат хуманитарни летови, затоа што на секој што се качил во авионот му се наплаќала карта од 250 до 300 евра. Со други зборови ако еден лет чини 35.000 евра, целиот износ им се наплаќа на патниците. Тие што немале веднаш пари им давале да потпишат изјави дека во рок до 15 дена ќе платат. Веројатно фатени во недоличната пи-ар стратегија, и за Димитров хуманитарните, станаа обични летови.

-И денес имавме два чартер лета за нашите граѓани кои беа затекнати во Германија: во попладневите часови од Берлин слетаа 176 патници, 173 возрасни и 3 дечиња, а полн авион очекуваме и вечерва од Келн/Бон….. Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, пиша Димитров на Фејсбук.

Со авион кој слета синоќа околу еден часот по полноќ, на скопскиот аеродром пристигнаа 180 македонски државјани од Бон- Германија Денеска се очекува во Македонија со авионски летови да се вратат 360 луѓе од Виена и Базел, кои следните 14 ќе бидат сместени во државен карантин во хотелите ширум Македонија.

Адријана Алексиеска