Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Од проценка, до реакција. По три години Македонија доби Национална стратегија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од проценка, до реакција. По три години Македонија доби Национална стратегија за сајбер безбедност. Надлежните со ова ја добија клучната алатка за да можат да одфговорат сиоодветно на секаков сајбер напад. Во секој момент ќе може да се одговори, но и да се направи брза проценка за каков вид инцидент станува збор. Националната стратегија се фокусира на пет клучни приоритетни области. Првиот е зајакнување на националните капацитети односно на воспоставување силни структури на управување, обезбедување на критичните инфраструктури и системи, потоа градење на сајбер-отпорно општество преку кампањи, минимизирање на влијанието на сајбер инцидентите, како и одобрување на националната и меѓународната соработка.

  • За да се постигнат овие приоритети, стратегијата воведува критични мерки, содржани во детален Акциски план и индикативен финансиски план. Овие мерки се однесуваат на:
    – Формирање Национален совет за сајбер безбедност за стратешки надзор, во рамките на Националниот совет за дигитална трансформација.
    – Оформување на централизиран систем за одговор на инциденти за рационализирање на управувањето со кризи.
    – Проширување на програмите за едукација и обука за сајбер безбедност за да се реши недостигот од квалификувани професионалци.
    – Искористување на напредните технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење, за да се подобрат способностите за откривање закани и одговор.
    – Развивање правна рамка за сајбер безбедност – усогласена со директивите на ЕУ, за да се обезбедат јасни одговорности и механизми за спроведување
    “ рече Андоновски Стефан – Министер за дигитална трансформација.

Со статегијата се затвораат сите постоечки празнини, но и се заштитува критичната инфраструктура уверува министерот за дигитална трансформација.

  • „Нашата влада е целосно посветена на спроведување на оваа стратегија со транспарентност, отчетност и итност. Ќе се обезбедуваат редовни ажурирања за напредокот, со што ќе се осигури дека ќе останеме на курсот за да ги исполниме нашите амбициозни цели.
    Дозволете ми да го искористам овој момент и да ги поканам сите активни чинители со истата посветеност да го коментираат и дополнуваат нацрт Законот за сајбер безбедност, кој веќе е објавен на ЕНЕР.
    На тој начин, како што ја изработивме оваа Стратегија ќе донесеме и Закон кој ќе ги операционализира нашите напори и јасно исцрта обврските кои ги имаме“ рече Андоновски –
    Министер за дигитална трансформација.

Министерството за дигитална трансформација има изработено и протокол за училиштата и Тик – Ток предизвиците со кои децата се изложуваат на опасност дури и по животот. Истите ќе можат да ги користат и родителите за да знаат како да ограничат пристап до одредени апликации и веб страници.