Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Владата и УПОЗ начелно се договорија за пораст на платите во следните три години

Владата и синдикатот на УПОЗ се на чекор до договор за зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и синдикатот на УПОЗ се на чекор до договор за зголемување на платите на 7.700 вработени. По денешната средба, од синдикатот на УПОЗ велат дека начелно е прифатлива понудата за пораст на примањата од 8% годишно во период од три години или вкупно зголемување од речиси 40%. Сепак конечната одлука треба да ја донесат органите и телата на УПОЗ, по што треба да следи потпишување на одделни колективни договори. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски вели дека работниците се задоволни од понуденото, иако побарале 10 наместо 8%, но сепак сметаат дека е добро што порастот на платите ќе го вклучува и зголемувањето на минималната плата. Според пресметките, тоа значи дека ако некој службеник во управата и правосудните органи кој во моментов зема 35 илјади денари месечно, во 2028-та ќе има плата од близу 50 илјади денари.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека ја прифаќаат формулата за пресметка на платите на Владата. Оттаму информираат дека веќе ја започнале постапката за подготовканапоединечниколективнидоговори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност веќе од март, за да не се изгуби времето на работниците. Сепак, велат дека УПОЗ и ССМ свесно го закочиле процесот на зголемување на платите во последниве неколку месеци.

„Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди конконкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат“ – КСС.

Реклама

Разговорите за минимална плата продолжуваат. Сојузот на синдикати не сеоткажува од барањата за пораст на минималната плата на 600 евра наместо законското усогласување од околу1.500 денари, како  и зголемување на сите останати плати за 100 евра. За да издејствува прифаќање на ваквите барања, ССМ За во вторник најави блокади на Собранието, а потоа и на стопанските комори и владата следната недела. ССМ бара и намалување на функционерските плати, односно намалување на коефициентите за 40%. Бизнисмените, пак, од друга страна, велат дека ваквите барања за пораст на минималецот од страна на синдикатите ќе значат голем финансиски товар за нив. Владата е на ставот дека ќе поддржи решение прифатено од двете страни и синдикатите и работодавачите.