Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Владата и угостителите следната недела на средба за законот против пушењето

Прво кампања па примена на Законот против пушењето. Властите согласни да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво кампања па примена на Законот против пушењето. Властите согласни да ги разгледаат барањата на угостителите за пробен период додека официјално се донесе законот за пушење. Следната недела министерот за економија за здравство и газдите на угостителските објекти ќе седнат на маса и ќе ги разгледаат сите предлози, па ќе донесат одлука дали законот ќе почне да се приленува од 1 ви март или ќе има одложување.

„Они побараа од нас да имаме временски период додека да се стави на сила законот. Значи да одиме прво со кампања па потоа да одиме со информација додека да стапи на сила законот да бидат на некој начин и они спремни и потоа да стапи законот на сила. Од тоа што беше разгледано од нивната страна, добив информации од секретарот дека ќе имаме уште еден состанок каде што ќе присуствувам и јас заедно со министерот за здравство и ќе ги разгледаме можностите. Нашата цел е јавното здравство да го сочуваме и да се грижиме. Тоа ќе го кажеме и на идниот состанок и ќе донесеме една одука која ќе биде прифатлива од сите засегнати страни.“– вели министерот за економија итруд, Бесар Дурмиши.

Позитивните ефекти од законот за пушење ги потврдија и пулмолозите.

Реклама

„Она што е пострашно е што сè повеќе во мода се електронските цигари. Иако има пропаганда дека тие воопшто не се штетни, напротив, тие се штетни и даваат долготрајни и тешки последици за нежните бели дробови на децата. Даваме поддршка затоа што ова не е казна, туку сакаме директно да ги заштитиме како помладите така и возрасните луѓе бидејќи една од основните причини за појава на белодробен карционом е никотин, односно пушење цигари, “ рече др. Оливер Зафировски.

Угостителите побараа одложување на рокот за да можат да ги подготват објектите, а во меѓувреме предлагаат да има засилена кампања. Тие велат дека новиот закон е огромен предизвик за нив, ќе им треба време, организација и поддршка од надлежните институции.

Според предложеното во законот, во рестораните и кафулињата ќе биде дозволено пушење само на терасите ако се отворени од 3 страни, а не како досега застаклени или преградени со фолии, а казните за непочитување ќе се движат од две до пет илјади евра.

Дополнително надлежните најавија и редовни контроли. Вкупно 300 инспектори, од кои 120 пазарни и 180 трудови, ќе вршат засилени контроли низ целата држава. Министерот за економија Бесар Дурмиши претходно потврди дека нема да има толеранција за прекршителите, без разлика дали станува збор за физички или правни лица.

Со новиот закон пушењето ќе биде забрането и пред здравствени установи, училишта, градинки, министерства и други јавни институции.