Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Владата го усвои годишниот план за енергетски објекти за 2026 годинав

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, кој почнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија.

Министерката Сања Божиновска денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати и проценета инвестиција од 3,735 милијарди евра. Од овие, 59 се фотоволтаични електроцентрали со моќност над 3.000 мегавати и вредност од 2,1 милијарди евра, 7 ветерни електроцентрали со 907 мегавати и 1,18 милијарда евра и една когенеративна гасна електроцентрала со 495 мегавати и 445 милиони евра, значајна за балансирање на системот.

– Овој план не е само список на желби, туку конкретен стратешки документ, кој ја трансформира нашата енергетска слика и ја зацврстува независноста – истакна Божиновска.

Реклама

Од 284 барања, одобрени се 97 компании по принципот прв дојден, прв услужен. Вклучени се и 56 општински проекти од Македонски Брод, Лозово, Дебарца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и од Кочани, со анализи за мрежна стабилност.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: