Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Личното искуство со ракот преточено во „Практичен патоказ за онколошките пациенти“

Практичен патоказ со проверени и корисни информации за онколошките пациенти и нивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Практичен патоказ со проверени и корисни информации за онколошките пациенти и нивните семејства, создаден врз основа на личното искуство на Сашка Богданова Ајцева во справувањето со ракот, ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Како што информираат организаторите, публикацијата „Практичен патоказ за онколошки пациенти“ произлегува од искуството на авторката за време на сопственото лекување и од прашањата со кои се соочила по добивањето на дијагнозата – каде да се обрати, како да ги најде потребните информации и како полесно да се снајде низ процесот на лекување.

Со цел тоа искуство да го претвори во практична поддршка за другите, Богданова Ајцева подготвила патоказ на едно место да ги обедини јасните, проверени и корисни информации за новодијагностицираните пациенти и нивните семејства.

Реклама

Покрај целосниот патоказ, подготвена е и информативна брошура, со посебен акцент на пристапноста на информациите, вклучително и преку знаковен јазик.

Во рамки на промоцијата ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Малигни заболувања: информираност, поддршка и активно учество во лекувањето“.

На дискусијата ќе учествуваат рецензентите на патоказот: проф. д-р Миле Тантуровски и проф. д-р Игор Алулоски, супспецијалисти по гинеколошка хируршка онкологија од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, вон. проф. д-р Виолета Клисаровска, специјалист по онкологија и радиологија од Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, и Надица Скепароска-Петковска, магистер по клиничка психологија и сертифициран психотерапевт.

Целта на публикацијата е на пациентите и нивните блиски да им овозможи полесен пристап до информации и поддршка во периодот на соочување со дијагнозата и лекувањето.