Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Владата го тргна Хамиди, за да го седне Мехмеди во М-НАВ – во чија функционерска биографија веќе се запишани скандали

Владата донесе одлука Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски да бидат разрешени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе одлука Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски да бидат разрешени од директорските позиции во Македонската навигација. На нивно место доаѓаат Илир Мемети и Милан Корач. Оваа одлука сега треба да ја спроведе Надзорниот одбор на М-НАВ. Мемети и е познат на јавноста како поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба(УЦВП). За време на неговотото директорување, си ја носеше сопругата на патување во Мадрид , а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата. Државниот завод за ревизија тогаш утврди дека потрошил над 8000 евра за приватни патувања. Освен тоа, ревизорите забележале и исплати на други сомнителни фактури, непочитување на Законот за јавни набавки, ненаменско трошење пари без соодветни одлуки од Владата. Милан Корач, пак беше оперативен техничар во М-НАВ. Сега ќе биде секторски директор, на местото на Љубе Стаменковски кој инаку во декември си ја поднесе оставката, а Владата денеска веројатно само ја констатираше.  

На денешната седница не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари. Објаснувањето е дека „Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ“.

Предлог разрешувањата следат откако во четвртокот, група од осуммина, предводена од советникот од редовите на ДУИ, Беким Незири упадна во контролната кула. Сепак, Владата не закажа вонредна седница веднаш, реши да се одмори за Божиќните празници, па на редовна седница одлучуваше по ова прашање, откако премиерот се консултирал со министерката за одбрана и министерот за транспорт и врски под чие министерство е Македонската навигација.  

Реклама

Од Синдикатот на Контролори за летање кои се заканија со затворање на македонското небо, соопштија дека штрајкот го ставаат во мирување.

За сега го ставаме штрајкот во мирување, но чекаме што ќе одлучи и како ќе постапи Надзорниот одбор. Ако има позитивна реализација на препораката од Владата, ќе ја повлечеме одлуката за штрајк – вели Александар Тасевски, претседател на Струков синдикат на Контролори на летање.

Тие денеска се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски, кој ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.

Во меѓувреме, институцијата ја тресе финансиската полиција, која го истражува досегашното работење на М-НАВ, во делот на финансиите и јавните набавки.