Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта

Македонска пошта следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонска пошта следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата.

null

-Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта и во делот на софтвер, сортирки, просторни услови и можност за испорачување најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога, рече вицепремиерот.

Реклама

Во обраќањето на состанокот, Николоски порача дека ќе мора да се менуваат условите на пазарот на поштенски услуги.

-Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа – или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки, потенцира Николоски.