Заштитата на жртвите е приоритет, а насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања, стои во соопштението на Владата, во кое се наведува дека веќе се работи на подобрување на постојните решенија и дека надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности.
Од Владата посочуваат дека во овој процес особено е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите на насилство.
– Сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштитата на жртвите – се наведува во соопштението.
Нагласуваат дека фокусот на јавната дебата треба да остане на заштитата на жртвите, наместо, како што велат, на политичките препукувања.

