Реклама

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Македонија

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром реализираше посета на Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“, институција позната по својата посветеност и професионална поддршка на децата со посебни потреби, соопшти Министерството за европски прашања.

За време на посетата, Сали истакнал дека ова искуство не било само институционално, туку и длабоко човечко. Тој ја оценил позитивната атмосфера и ангажманот на персоналот, нагласувајќи ја важноста од градење на инклузивно општество каде секое дете има еднакви можности за развој.

-Секоја насмевка, секоја прегратка и секој чекор напред е доказ за силата и потенцијалот што ги имаат овие деца. Тие немаат потреба од сожалување, туку од можности и разбирање – изјавил тој.

Реклама

Заменик-претседателот на Владата ја истакнал одговорноста на институциите да обезбедат квалитетно образование, достоинство и почит за сите деца, без разлика. Тој додал дека ангажманот за конкретни политики што ги поддржуваат семејствата и децата со посебни потреби ќе остане приоритет.

Сали упатил повик за континуиран општествен и институционален ангажман, нагласувајќи дека инклузијата и еднаквоста треба да бидат дел од секојдневието, а не само од симболични денови.