Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Туркије во Скопје, предводена од амбасадорот,  Фатих Улусој.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во двете земји, со фокус на дополнително подигнување на нивото на соработка, како и создавање можности и уште подлабоки пријателски врски меѓу двата народа и двете држави, особено во поглед на зајакнување на меѓуетничките односи.

Двајцата соговорници се согласија за поттикнување на турските компании за инвестирање во Македонија, надминување на потешкотиите со кои се соочуваат истите, можноста за започнување преговори за ажурирање на договорот за слободна трговија и организирање на турско-македонски бизнис форум со учество на турски и македонски компании во наредниот период.

Реклама

Посебен акцент на средбата беше ставен на турската заедница која живее во нашата земја, а амбасадорот Улусој истакна дека Република Туркије кон Македонија има посебен однос и нивната цел е да имаат добар однос со сите етнички заедници, како и дека се отворени да дадат придонес за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми.

„Не треба да барате поддршка од мене, ја имате без оглед на проблемот со кој се соочува турската заедница во земјава“, истакна потпретседателот на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, потенцирајќи ја уште еднаш поддршката на Министерството за односи меѓу заедниците за надминување на потешкотиите при образованието на мајчин јазик.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е клучна за стабилноста и развојот на регионот во целина.