Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Вицепремиерот Беким Сали оствари средба со инвеститори од Турција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сали, се разговарало за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Била нагласена важноста од создавање поволна деловна клима и обезбедување институционална поддршка за странските инвеститори.

Сали истакнал дека Македонија останува посветена на привлекување квалитетни инвестиции и на одржлив економски развој, нудејќи поволни услови за долгорочни и заемно корисни партнерства.