Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до финансиски услуги – истакнала вицегувернерката Ана Митреска во своето обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“.

Таа посочила дека во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75 % од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

– Светскиот извештај за родовиот јаз за 2025 година покажува дека има натамошен напредок кон родова еднаквост, но тој е бавен и со нерамномерно темпо. На светско ниво родовиот јаз е затворен за речиси две третини, а за постигнување целосна еднаквост, со сегашната динамика, ќе бидат потребни уште 123 години. Нашата земја е рангирана на 90-тото место од вкупно 148 земји, а во делот на економското учество и можности се наоѓа на 119-тото место. Јазот во платите изнесува речиси 12 %, а разликата во учеството на пазарот на труд е приближно 18 процентни поени во корист на мажите. Во однос на финансиската вклученост, податоците од „Финдекс“ (2024) покажуваат дека 77 % од жените и 92 % од мажите имаат сметка. Овие разлики упатуваат на родов јаз во финансиската вклученост од речиси 10 процентни поени – посочила Митреска на настанот во организација на агенцијата „Марили“.

Реклама

Таа нагласи дека Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи.

– Иако учеството на фирмите што се во сопственост на жени во вкупните кредити сè уште е ниско, тие покажуваат висока финансиска дисциплина, со нефункционални кредити од 1,54 %, во споредба со 2,76 % кај фирмите што се во сопственост на мажи. Во наредниот период активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата, подобрување на податоците и осмислување системски решенија за зголемена финансиска поддршка на жените претприемачи – потенцирала Митреска.

На крајот, таа им упатила честитки на наградените жени менаџерки посочувајќи дека нивниот успех претставува инспирација за идните генерации и значаен придонес за развојот на современата економија.