Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики, нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес во носењето одлуки на централно и локално ниво.

Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на жените во градењето на модерно и праведно општество“, при што беше истакнато дека вистинското одбележување на 8 Март денес подразбира отворање на суштински прашања и конкретни политики кои ќе обезбедат поголема заштита, еднаквост и можности за жените.

Реклама

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, во своето обраќање посочи дека годинешното одбележување на 8 Март се случува во време кога сериозно се зголемуваат случаите на семејно насилство, при што во последните два месеци се регистрирани четири случаи на фемицид.

„Во сериозни времиња, за сериозни проблеми, неопходен е сериозен пристап. Движењето ЗНАМ нема да остане нем набљудувач на речиси секојдневните случаи на семејно насилство. Црвениот аларм е веќе вклучен и потребни се итни мерки и конкретни решенија“ – истакна Бендевска.

Како партија која е дел од власта, Движењето ЗНАМ ќе предложи отворање јавна дебата за реорганизација на институционалниот систем со цел доследно спроведување на обврските што државата ги има преземено со ратификацијата на Истанбулската конвенција. Целта е оспоставување поефикасен систем за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, со јасно дефинирани надлежности, конкретни проекти и прецизни рокови.

Дополнително, Движењето ЗНАМ предлага основање државни регионални центри за згрижување на жртви на семејно насилство, кои ќе располагаат со соодветни материјални, кадровски и финансиски ресурси. Со ваков модел би се надминал постојниот недостиг на сместувачки капацитети – шелтер центри, што во моментов претставува една од главните слабости на системот за заштита на жртвите.

Во таа насока, пратеничката група на Движењето ЗНАМ веќе утре ќе иницира одржување јавна расправа во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со учество на експертската јавност и граѓанскиот сектор. Целта е да се утврди дали се потребни итни измени и дополнувања на законите што го уредуваат системот за заштита од родово-базирано и семејно насилство, особено на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

На крајот од настанот, од Движењето ЗНАМ го честитаа 8 Март на сите жени, нагласувајќи дека нивната програмска определба останува цврста – градење модерно и праведно општество во кое правата, достоинството и безбедноста на секоја жена се гарантирани и неприкосновени.