Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

„Вешта жена“ за Тетово -победнички маси „Ајде на чај“ и „Клеопатра“,

Здружението „Вешта жена“ вчера во Тетово ја одржа редовната градска годишна манифестација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Вешта жена“ вчера во Тетово ја одржа редовната градска годишна манифестација со натпреварувачки карактер каде жените ги покажуваат своите вештини во подготвување храна, поставување и декорирање на трпеза и креативност.

Истиот број бодови собрани од публиката и жири-комисијата, беа причина да има две победнички Зорица Јовановска и Гордана Маринковска. 

-Зорица Јовановска чија маса со број 2 беше насловена „Ајде на чај“, освои прво место за најдобра декорација на десерт. Гордана Маринковска со маса број 3 и наслов „Клеопатра“ доби прво место за општ впечаток. Натпреварувачката од маса број 1, Ленче Китановска според бројот на гласовите доби прво место за декорација на главно јадење, за нејзината софра насловена Велигденска. Жаклина Маџовска од маса број 4 насловена „Пролетна трпеза“ освои најмногу бодови во дисциплината Вкус на главно јадење. Посебната категорија Гран-при, ја доби Даниела Димитриевска, за трпезата насловена „Аура“, информираше Снежана Стојановска, претседателка на „Вешта жена“. 

Реклама

Оваа манифестација, која повеќе од три децении ги претставува вештините на жените, годинава акцентот го стави на борбата на жената за одржување на семејството преку позитивните идеи и заложби. 

-Нашите настани се поврзани со споделување на меѓусебна љубов. Годинашново мото и како сите останати се борба за семејството. Сите што припаѓаат во „Вешта жена“ без разлика дали како натпреварувачки, поддржувачи на настанот ја знаат таа споделена љубов и само на тој начин успеваме да постоиме 34 години . Се надевам дека сите оние што ја прифатиле нашата иницијатива, сите што тргнале од наши идеи, што сме ги пренеле, ќе успееме и понатака да се развиваме во позитивна смисла, рече Стојановска. 

Во Тетово на 9 и 10 мај ќе се одржи и Републичкото финале со победничките од сите градови.