Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Верските студии не се само академско занимање, туку облик на служба на општеството, каде знаењето се претвора во мудрост, а верата во дело

Во свет во кој вредностите често се доведуваат во прашање, а духовноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во свет во кој вредностите често се доведуваат во прашање, а духовноста се губи меѓу бучавата на секојдневието, сè поочигледна станува потребата за луѓе кои што ги познаваат духовните вистини и живеат според нив. Такви луѓе излегуваат од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нивната мисија е суштинска за општеството, кое без духовна основа е како куќа без темели.

Во разговор со студентот Димитар дознаваме зошто млади луѓе сè уште се одлучуваат да го изберат овој пат – кој не е најлесен, но можеби е највистинскиот.

„Најчесто поставувано прашање на студент по теологија е зошто се јавила желбата и одлуката за студирање на истиот,“ рече тој.

Реклама

За него и за многумина, теологијата е повик од Бога – не случаен избор, туку длабока внатрешна потреба. Таа се јавува како желба за духовен раст, жед за богопознание, како стремеж да се биде пастир кој ќе го води народот кон вистината и спасението.

На Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје се изучуваат јазици, филозофија, историја, музика, уметност, но и канонско право, пастирска психологија и дури и елементи од природни и правни науки.

 Димитар објасни дека особено внимание се посветува на јазиците – црковнословенски, старогрчки и староеврејски, преку кои студентите учат да го читаат и толкуваат Светото Писмо во неговата оригинална длабочина.

„Сите овие дисциплини треба да го обучат теологот како личност која ќе гради морални и духовни вредности, смирение, посветеност и пожртвуваност,“ нагласи тој.

По дипломирањето, богословот може да се вклучи во различни области: како свештеник, ѓакон, монах, но и како наставник по веронаука, истражувач, автор, па дури и како советник или службеник во различни институции. Патот не е секогаш лесен, но според Димитар – вреди.

„Богословот не е ограничен само на црковна работа – тој може да биде активен и корисен член на поширокото општество,“ додаде тој.

За улогата на верата во македонскиот културен идентитет, тој потсетува дека токму преку црквата и црковното образование низ вековите се зачувала самосвеста на народот.

Православниот богословски факултет денес е директен наследник на традицијата на свети Климент и Охридската книжевна школа – првиот словенски Универзитет во Европа.

„Теологијата не е само за оние што сакаат да „знаат“, туку за оние што сакаат да „живеат“ вистински,“ истакна Димитар.

Тој им порача на сите млади кои во себе чувствуваат духовен немир или желба за поголемо разбирање – да не ја игнорираат таа искра.

„Бог говори тивко, но јасно – само треба да имаме уши да слушнеме”, заклучи Димитар.