Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Велковски по повод Денот на социјалните работници: Вие не само што ги менувате животите на луѓето, вие го менувате духот на нашето општество

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на настан по повод двојно одбележување на социјалната работа, Денот на социјалните работници – 10 Јуни и Денот на социјалната работа кој беше неодамна.

Настанот насловен: „Ја славиме социјалната работа – за трајна благосостојба, заедничка иднина и силна солидарност!“ беше во организација на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, а на него покрај социјални работници присуствуваа и професори од Институтот за социјална работа и социјална политика  при Филозофскиот факултет, Скопје.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се афирмира  значењето на социјалната работа  и улогата која ја имаат социјалните работници во различни подрачја на делување во нашата држава.

Реклама

Во оваа прилика Велковски изрази благодарност до  социјалните работници за нивната пожртвуваност во работата за која што потенцираше дека „не постои подобар начин да се опише оваа професија освен со зборот хуманост“.

„На терен, ние знаеме дека предизвиците со кои се соочувате не се мали. Но вие не се откажувате, не се повлекувате. И секојдневната комуникација со вас ми покажува дека вие сте оние што ги имате решенијата, вие сте оние кои можат да најдат начин дури и кога изгледа дека нема начин. И во тоа, вашиот труд е непроценлив. Вие не само што ги менувате животите на оние кои ви се обратат, вие всушност го менувате духот на нашето општество, градите мостови меѓу луѓето, ја обезбедувате шансата за утре за оние кои сега се изгубени“, истакна Велковски.

Тој се осврна на заложбите на Министерство, за создавање на систем кој ги поддржува социјалните работници во вршењето на нивната мисија.

„Да обезбедиме подобри услови за работа, да обезбедиме ресурси и обуки кои ќе ви овозможат да се соочувате со сите предизвици кои се појавуваат. Вие сте вистинските херои на ова општество. Ви благодарам од срце и ви посакувам многу успех во вашата хумана работа“, порача Велковски.