Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Велковски: Над 5000 деца во Македонија чекаат да бидат примени во градинка

Над 270 деца во Општина Тетово се на листите за чекање за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 270 деца во Општина Тетово се на листите за чекање за згрижување во детските градинки, додека пак бројот на деца на територијата на Република Македонија е над 5.000. Ова денеска го изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при посетата на детската градинка „Младост“ во Тетово.

„Моментално во Македонија чекаат над 5.000 дечиња на листите за чекање за прием во детските градинки. Ќе треба во наредниот период да работиме и на ова прашање да сите дечиња бидат згрижени и еве во Тетово морам да кажам дека само во детската градинка Младост податокот е дека над 270 деца се на листата за чекање за прием во градинката. Мора да го надминеме овој проблем и со оние објекти коишто се припремаат во рамките на општина Тетово и веќе да нема деца на листите за чекање и истите да бидат згрижени во детските градинки“, вели министерот Велковски.

Покрај обезбедувањето на нови просторни услови и зголемување на капацитетите во градинките, клучен проблем којшто мора итно да се реши е и обезбедување на лиценци за лицата коишто со години чекаат да се стекнат со истите.

Реклама

„Морам да потенцирам дека она кое што веќе шеста недела го зборувам како човек и го пренесувам како министер пред се, ми се потврдува и со самото присуство при теренските посети на детските градинки низ државата. Тоа е проблемот со просторните услови, проблемот со персоналот којшто е најголем и е континуирано истакнуван од страна на директорите и луѓето кои што работат во детските градинки, но најважно од се е решавање на проблемот со лиценците со коишто не можат да се стекнат дел луѓето кои што треба да бидат во процесот за вработување во самите детски градинки. Ова се потврди и денеска во Тетово. Грижата за 30 дечиња во една група е сведена на еден или двајца вработени, а знаеме каков е предизвикот за негувателките да можат да се грижат за 30 деца 8 работни часа“, додава Велковски.

Техничкиот министер Ѓоко Велковски порача дека заедно со неговиот тим и вработените во министерството за труд и социјална политика веќе работат на изготвување на целосна анализа за општините на територија на Република Македонија како би ги увиделе предизвиците со кои се соочуваат детските градинки и подготовка на програмски активности за по 8 мај кога би започнале со брзи чекори за решавање на истите.