Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска  во Битола, на паркингот на спортската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска  во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Како што соопштуваат од Владината прес – служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.

Со возилата, контејнерите и кантите зa ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија во овие општини. Воедно,

Реклама

-Владата во соработка со локалните самоуправи во идниов период ќе придонесе за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.

-Исто така се овозможува: значително зголемување на покриеноста со услуга за собирање на отпад во урбани и рурални средини, намалување на дивите депонии и неформалното исфрлање на отпадот, подобри услови за селекција и подготовка за рециклирање (две бои на садови за собирање на отпад, односно жолта боја за сува фракција и зелена за мократа – органска фракцција) и подготовка на системот за целосно функционирање на идната регионална депонија во Новаци односно центар за управување со отпад како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар, стои во соопштението.