Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Вчера скара и гајби пива на излетничките места – Денеска изненадувачки почисто дури и од пред Први Мај

После скарата, мезињата, храната, пијалоците и празнувањето на Први Мај, излетничките места…

Сподели:

После скарата, мезињата, храната, пијалоците и празнувањето на Први Мај, излетничките места околу Скопје, за среќа останаа без ѓубре и отпад. Дел од нив се чисти поради совесни локални жители кои го собирале губрето што го оставиле скараџиите. Излетничкото место кај Марков манастир почисто и од пред празниците. Жителите оттаму имале повеќе совест од граѓаните што вчера палеа скари и испија гајби пива.

Сите заедно влегле во расправија со излетниците за да си го соберат ѓубрето позади себе. Бајрам Скендеровски е еден од локалните жители кој сведочи за безобразното однесување на излетниците коишто негодувале на опомените за отпадоците. Тука имало и контејнери, но граѓаните ги полнеле со отпад и шут, па така –пред манастир секогаш стоел отпад со фрлена покуќнина од несовесни граѓани.

Ониешто денеска решиле да дојдат на Маркова река, се задоволни од глетката. За нив е вистинско изненадување што во последно време ова место останува толку чисто и по гужвите што се прават за празниците и викендите.

Реклама

Не беше поразлично и на излетничкото место кај Кучково.

Ден по празникот, кај Кучково мирно и без луѓе. Не се знае дали и овде совесни граѓани самите се организирале и чистиле, или, пак излетниците си го собрале отпадот позади себе.

Вечна дилема е зошто во ЕУ држави е чисто и граѓаните внимаваат каде фрлаат отпад. Па дури и Македонците како туристи се посовесни во странство, отколку дома. Горјан Јовановски од невладината Зелен хуман град, вели дека надлежните треба да посветат внимание на едукација и да казнуваат. Според него, смао тоа е правилен начин како да ја зачуваме животната средина.

Инаку, во скопските оштини надлежни се општинските и градските комунални редари кои имаат обвластување да казнуваат за фрлање отпадоци. Казните се движат од 50 евра за физички до неколку илјади евра за правни лица. Познавачите се убедени дека треба казните да се поригорозни, за да ја зачувуваме чиста животната средина.