Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Василевска на состанок на Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ

На состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното Собрание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на која учествува заменик-шефицата на Делегацијата, Иванка Василевска, а која се одржува во Монако на 9 и 10 март 2026 година, една од темите на која беше ставен фокусот се однесуваше на насилството и говорот на омраза против политичарите, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Овој феномен беше идентификуван како една од главните закани за демократската стабилност, а пратениците ја усвоија Нацрт-резолуцијата која е предвидено да се најде на следното пленарно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Пратеничката Иванка Василевска, во своето обраќање на темата, нагласи дека во земјите на Советот на Европа, избраните претставници се соочуваат со растечки закани, насилство, онлајн вознемирување и говор на омраза, а тоа ги одвраќа особено жените, малцинствата и младите од политика, предизвикува самоцензура и ја намалува довербата во институциите. Оваа секојдневна непријателска средина доведува до самоцензура, промена на одлуките, намалено јавно ангажирање и целосно повлекување од политиката. Кога ова се случува, нагласи Василевска, политичките системи стануваат помалку инклузивни и помалку репрезентативни за општествата на кои им служат.

Реклама

Осврнувајќи се на принципите за демократија од Рејкјавик, кои нагласуваат дека политичкиот живот мора да биде слободен од насилство, вознемирување, говор на омраза и дискриминација, Василевска заклучи дека само заложбите не се доволни. Со оглед дека е неопходно е да се зајакне разбирањето и справувањето со овој растечки проблем, Василевска ја поздрави препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за воспоставување платформа за следење на заканите и насилството врз политичарите на локално и на национално ниво. Според неа, таквиот механизам би собирал и анализирал податоци за инциденти, би идентификувал обрасци и трендови, би помогнал во подобро разбирање на обемот на проблемот и би овозможил поефективни стратегии за превенција и одговор. На крајот, таа истакна дека заштитата на политичарите од насилство не е само заштита на поединци, туку заштита на самата демократијата, бидејќи со создавањето на безбедна и почитувана политичка средина, се зајакнуваат демократските институции и се поттикнува поширокото учество во јавниот живот, односно дека за силни и отпорни демократии, политиката мора да остане простор за отворен дијалог, конструктивна дебата и еднакво учество.

Како продолжение на состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија, се одржа состанок на Поткомисијата за Западен Балкан, со која претседаваше италијанскиот пратеник Пиеро Фасино. Беше потенцирана важноста на регионот за 

Европа и беше нагласена потребата од поинтензивни контакти со високи претставници на сите држави од Регионот со цел подобро запознавање со актуелната случувања и можностите за забрзување на процесот на европска интеграција.

Василевска во своето обраќање пред членовите на Поткомисијата се осврна на затворањето на пост-мониторинг дијалогот на државата со Советот на Европа како значаен позитивен чекор, а во однос на проширувањето ја нагласи потребата од оценување на кандидатите според постигнатите заслуги, односно спроведувањето на реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми. Таа ја акцентираше важноста од исполнувањето на Реформската агенда со јасни и темелни насоки во однос на развојот на евроинтегративниот процес, а во исто време го потенцираше значењето од препораките од Венецијанската комисија и од ГРЕКО кои значајно влијаат на развојот на јавните политики и ја зајакнуваат борбата против корупцијата и криминалот, како и за независноста на судската власт во државата. Таа истакна дека и во иднина државата продолжува да биде конструктивен партнер и жесток поборник за заштита на демократските вредности кои ги обединуваат сите државни членки во Советот на Европа. Василевска ја истакна и работата на Мешовитиот парламентарен комитетот помеѓу Макеоднија и ЕУ каде постои недвосмислена заложба за правичен и неселективен пристап во однос на евроинтеграциите на целиот регион т.е. Мерит системот. Во ера кога безбедносната архитектура на Европскиот континент е под сериозна закана, Македонија постигна целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

На крајот на состанокот беше предложено еден од следните состаноци да се одржи во Загреб, како демонстрација на силната поддршка на Хрватска на европската интеграција на државите од Западен Балкан.