Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Василевска: Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати на тој бран и ќе учествува во истото. И тоа е толку ветво и застарено што просто делува и несериозно, констатира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во врска со неговата реакција за говорот во Собранието на претседателката на државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Василевска посочи дека тие се оние стари гебелсови методи, кои тие, односно Социјалдемократскиот сојуз, како политичка опција ги истрошија за време на Шарената револуција каде што комплетно прегореа во цела таа композиција и пропагандна машинерија.

Во однос на состојбите во опозициската партија и нејзината иднина на политичката сцена, Василевска потенцираше дека оваа партиско раководство коешто е избрано сега само се обидува партијата да ја одржи во некоја состојба на клиничка смрт, надевајќи се дека ќе дојде некој нов бран сличен како тој со шарените.

Реклама

„Таму ниеден сериозен социјалдемократ нема да се нафати во овие тешки услови, со толку криминал, нерешени прашања, проблематични решенија да си го стави својот живот, своето здравје во машина за да го измелат до патот за да ги донесе, можеби, некоја идна победа. Дефинитивно, ова лидерство е така поставено за да се обидува да ја одржува партијата во една, како би рекла, полумртва состојба или во клиничка смрт, сè додека не дојде некој нов бран, на којшто можеби оние се надеваат на она искуство со Шарената револуција“, истакна Василевска.

Пратеничката се осврна на говорот на претседателката, посочувајќи дека тоа беше државнички говор каде што повика на национален консензус за интеграцијата во Европската унија, но и дека од критика не беше поштедена ниту актуелната влада.

„Ако внимателно ја слушавме ќе видиме дека таа укажа и на тоа што е она што најважно, а таа критика е директно на адреса на актуелната Влада. Тоа се во евроинтеграцискиот процес, но и во самото развивање на македонското општество, борбата со корупцијата и борбата да се дојде до правосудство коешто што ќе биде достојно за македонските граѓани“, рече Василевска.