Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Вардариште и денеска гори – жителите на Аеродром трет ден по ред блокираат безуспешно

Поранешната градска депонија Вардариште утринава повторно гори, а жителите на скопските населби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната градска депонија Вардариште утринава повторно гори, а жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче алармираа дека се разбудиле во густи облаци чад и задушлива миризба што им навлегува во домовите.

Граѓаните повторно реагираат во очај и страв за здравјето, и покрај тоа што правосудните органи рекоа дека веќе гонат тројца осомничени за претходниот пожар на 31 август. Но, ниту притворот што го бара обвинителството, ниту протестите на жителите, не спречија депонијата повторно да се запали и да ја загадува животната средина на Скопје.

Граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче секој ден оваа недела ја блокираа раскрсницата „АСНОМ“ – „Србија“, а за денеска (5 септември) е најавен нов протест.

Реклама

Сведочењата на активистите и жителите на Гази Баба се дека пожарите се случуваат поради тоа што одредени лица и бизниси заработуваат од палење на отпад кој содржи бакар, кој потоа го продаваат. За да го извадат бакарот, претежно од кабли, тие ги палат каблите, а огнот потоа се проширува и на останатиот отпад во депонијата.

За санација на просторот е изработена физибилити студија уште во 2014 година од Град Скопје. Според документот, на површина од 25 хектари биле разгледувани повеќе идеи за трансформација на просторот – парк, мини голф, терени за пеинтбол и расадник со рози. Намерата била Вардариште да прерасне во спортско-рекреативна зона што ќе им служи на граѓаните, наместо во извор на загадување.

Санацијата, според проценките, би чинела најмалку 40 милиони евра и би траела околу 26 месеци, иако активистите се скептични дека за толку краток временски период би можело да се изведе такво нешто.