Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

В петок и в сабота средби со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека в петок и в сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ, на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжува како досега. – В петок и в сабота се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека в петок и в сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ, на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција.

Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжува како досега.

– В петок и в сабота се закажани средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со „Вреди“. Очекувам во таа насока да продолжиме. По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следуваа локалните избори, каде што тие убедливо победија во 10 општини, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи – истакна Мицкоски по посетата на реконструираната Општа Болница во општина Струмица.