Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

В.д. државната обвинителка Тополова – Исајловска на тркалезна маса за поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство

Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ статистика. Бројките се важни затоа што ни помагаат да ги препознаеме трендовите и предизвиците, но зад секој предмет стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита, истакна в.д. јавната обвинителка на РС Македонија Анита Тополова – Исајловска на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство” што се оддржа денеска, во организација на Министерството за внатрешни работи.

Според неа, насилството врз жените и семејното насилство претставуваат сериозно кршење на човековите права и еден од најраспространетите облици на родово базирано насилство. Тоа не е само лична трагедија на жртвите и нивните семејства, туку проблем со сериозни општествени последици, па затоа институционалната реакција мора да биде навремена, координирана и ефикасна.

Во своето излагање јавната обвинителка Тополова – Исајловска се осврна на предизвиците што во досегашното постапување по дела од областа на семејното насилство ги предизвикуваа старите законски решенија со кои за одредени кривични дела постоеше можноста за повлекување на предлогот за кривично гонење од оштетените во текот на постапката.

Реклама

Од почетокот на 2024 година до денес во јавните обвинителства евидентирани се 1.715 постапки за телесна повреда сторена при семејно насилство, при што 798 постапки биле запрени поради повлекување на предлогот за гонење од жртвата.

-Токму затоа последните измени на Кривичниот законик од јануари 2026 година претставуваат значаен исчекор напред. Со оваа промена државата испраќа јасна порака: насилството во семејството не е приватна работа, туку прашање на јавен интерес и одговорност на институциите, нагласи јавната обвинителка, појаснувајќи дека со измените на јавниот обвинител му се овозможува да го преземе гонењето по службена должност и да постапува и во ситуации кога жртвата, поради страв или зависност, се повлекува од кривичниот прогон.

Изминатите неколку дена јавните обвинителства добија задолжение да ги согледаат предизвиците со кои се соочуваат при гонењето на овој вид кривични дела, при што речиси сите укажуваат на првиот проблем, а тоа е недостаток на пријави и информации од центрите за социјална работа, односно неадекватно идентификување на проблемот од оние кои први го осознаваат семејното насилство на терен. – Една несоодветна реакција од почеток, на крајот може да има трагични последици, додаде Тополова – Исајловска, која се осврна и на последниот трагичен случај во Карпош што е актуелен деновиве.

-Во објавата на извештајот за извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во Скопје, ресорното Министерство информираше дека се утврдени недостатоци и неправилности во постапувањето во случајот. По ваквата информација секако дека Јавното обвинителство има должност и ќе испита, меѓу другото, и дали во ваквите неправилности има елементи на кривично дело, додаде таа.

В.д. државната обвинителка нагласи дека предизвик до сега беше и благата казнена политика, бидејќи условните осуди во кои јавното обвинителство најчесто само со жалба успеваше да обезбеди заштитен надзор не се адекватна санкција за прекинување на постоечкиот тренд на раст на вакви кривични дела.

Тополова – Исајловска ја нагласи и важноста на соработката со невладините организации, напоменувајќи дека Јавното обвинителство има воспоставено соработка со повеќе организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, а активно учествува и во националните механизми и платформи за заштита на жртвите.

-На крајот, би сакала да нагласам една едноставна, но суштинска порака: кога жртвата молчи од страв, институциите мора да знаат да ја слушнат. Кога жртвата се повлекува од притисок или зависност, системот мора да биде доволно силен да ја заштити, додаде јавната обвинителка.

-Најсилната порака што можат да ја испратат институциите е дека секоја жена има право да живее без страв и насилство – и во домот, и во општеството, рече Тополова – Исајловска.