Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Утврдена нова изменета проекција на буџетот на Општина Битола за 2026 година

Министерството за финансии овозможи проширена буџетска рамка од 47,6 милиони денари и заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3,2 милијарди денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола. Според градоначалникот Коњановски, со новиот изменет буџет се овозможува понатамошна успешна реализација […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии овозможи проширена буџетска рамка од 47,6 милиони денари и заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3,2 милијарди денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола.

Според градоначалникот Коњановски, со новиот изменет буџет се овозможува понатамошна успешна реализација на сите планирани проекти и програми. 

– Од тоа што е посебно значајно сакам да истакнам дека со овој ребаланс се вршат измени во неколку програми меѓу кои Програмата за образование, каде се дообезбедуваат средства со цел понатамошно успешно функционирање на училиштата, Програмата за животна средина – каде планираме пет милиони денари за набавка на електрични велосипеди, што је потврдува нашата тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Измени има Програмата за економски развој, каде меѓудругото внесуваме меѓународен проект за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето, со посебен акцент на руралните места, а средствата ги зголемуваме и кај проектите за енергетска ефикасност, реконструкција на капацитети во енергетиката, истакна Коњановски.

Реклама

Со измените и дополнувањата на општинскиот буџет, во Битола ќе се продолжи со одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, изградба на системи за водоснабдување, како и изведба на системи за одведување и пречистување на отпадни води.