Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Усвоен предлог-законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од развојната стратегија за правосудството

Владата на денешната редовна 160. седница го усвои предлог-законот за парнична постапка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на денешната редовна 160. седница го усвои предлог-законот за парнична постапка, сеопфатно процесно законско решение, кое се подготвуваше подолг временски период во консултација со стручната и академската јавност. Со неговото донесување, како што информираат од Владата, се реализира уште една значајна обврска од Ррзвојната стратегија за правосудството 2024 – 2028, како и дел од програмата за работа на Владата за 2025 година.

Станува збор за системски закон, кој носи суштински и длабински измени со цел унапредување на ефикасноста, транспарентноста и правната сигурност во граѓанските постапки.

Клучните новини во законското решение, како што посочуваат од Владата, се обезбедување поквалитетна правна заштита и поефикасно водење на постапките, унапредување на постапката за вештачење, при што се овозможува судот и по службена должност да изведува вештачење и увид на самото место како доказ, со што се зајакнува улогата на судот во утврдување на фактичката состојба, како и воведување електронска достава од двете страни, како значаен чекор кон целосна дигитализација на судските предмети.

Реклама

Со новиот закон, како што се наведува во соопштението, се зголемуваат опфатот и забрзувањето на постапките во споровите од мала вредност, а се намалува висината на глобите за учесниците во постапките, со цел поголема правичност и пропорционалност.

Првпат се воведуваат претставнички тужби за заштита на колективни интереси и права, со што се унапредува пристапот до правда за поголеми групи граѓани, а воедно се избегнува големото и нерационално трошење ресурси.

Со усвојувањето на овој закон Владата уште еднаш ја потврдува својата определба за спроведување вистински, суштински, а не козметички реформи во правосудниот систем, во насока на градење ефикасно, модерно и доверливо судство.

Владата останува посветена на континуирано унапредување на правната рамка и институционалниот капацитет во интерес на граѓаните и правната држава.